Добри Ставрески (Јабланица, Струшко, 1933 - Скопје, 1994) — македонски пејач.

Добри Ставрески
Роден/а1933
Јабланица, Струшко
Починат/а1994
Скопје
Занимањепејач

Животопис уреди

Ставрески е роден во струшкото село Јабланица. Основно и средно образование завршил во Струга. Во 1948/49 г. неговото семејство се преселило во Битола. Уште во педесеттите години ги направил првите снимки во Радио Битола. По желба на неговиот татко се запишал на Градежниот факултет во Љубљана каде студирал, но потајно од неговите родители истовремено се запишал и на Музичка академија - соло пеење. Пеел исклучиво оперска музика и најомилена му била музиката од Енрико Карузо. Во Њујорк, САД, во 1962 година на „Студентски хорски натпревар“ за отворањето на Операта, учествувале 40 хорови кои имале задолжение да ја испеат песната „Аве Марија“. Единствено Добри настапил со сите хорови пеејќи како солист, за што добил овации од публиката, така што наредниот ден весниците во САД го нарекувле „младиот Енрико Карузо“. Подоцна пеел народна музика и изворни песни. Тој бил познат по интерпретација на песни со неповторливи широк гласовен дијапазон. Како пејач со богат колоритен глас Ставревски зад себе во фонотеката на Македонското радио оставил голем број снимки со народни и староградски песни, повеќе аудио и една видео касета. Добил голем број на награди, а една од најголемите награди што му е доделена била последната - Награда за животно и пеачко дело „Благоја Петров - Караѓуле“, која му била доделена од страна на колегите на „Серенада фест“ во 1993 година во Битола. Неговите песни: „На печалба тргам, мамо“, „Сношти минав покрај вази“, „Сум се родил мераклија“,„Гоце низ гора врвеше“, „Онаа страна оган гори“, „Црна се чума зададе“ и многу други, оставиле белег во македонската изворна музика. Починал во 1994 година, во Скопје.

Наводи уреди