Добренски манастир

манастир во Добра кај Туркохор, Берско, Егејска Македонија

Добренски манастир „Успение на пресв. Богородица“ (грчки: Ιερά Μονή Παναγίας Δοβρά) — манастир кај селото Туркохор, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] Наречен е по селото Добра, уништено во 1822 г.[4]

Добренски манастир
Успение на Пресвета Богородица
Παναγίας Δοβρά
Поглед на манастирот
Карта
40°32′46″N 22°10′37″E / 40.54611° СГШ; 22.17694° ИГД / 40.54611; 22.17694
МестоДобра кај Туркохор, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типспоменик на културата
Управа
Архијерејско намесништвоБерско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Географија уреди

Манастирот се наоѓа југозпадно од Туркохор и на 3 км северно од градот Бер. Сместен е на југоистчните падини на планината Каракамен. На пописот од 2011 г. манастирот имал 28 жители.

Историја уреди

Манастирот е еден од најстарите во регионот. Точната година на основање е непозната. Се смета дека настанал во XII век, но во документите за првпат се спомнува дури во XVII век. За време на Негушкото востание во 1822 г. манастирот е ограбен и запален од Османлиите, а игуменот Герасим е обесен. Тамошното село Добра, родно место на револуционерот Атанас Караташо, е ограбено и опустошено. Црквата е обновена во 1844 г.[1]

Со грчкото освојување на Македонија по Балканските војни, во 1926 г. името Добра е преведено во Кали Панагија (Добра Богородица).[5] Во 1950 г. на територијата на манастирот е изградено и сиропиталиште, кое работело сè до 1986 г. Во 1995 г. манастирот е обновен со своја обител. Старата црква — трикорабна базилика со дрвен покрив и егзонартекс, е реставрирана.[2] Во манастирот работи и училиште за византиска хагиографија.[1][6][7]

На 20 ноември 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[8]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιερά Μονή Παναγίας Δοβρά“. Ιερά Μητρόπολη Βεροίας, Ναούσης και Καμπανίας. Посетено на 31 мај 2014.
  2. 2,0 2,1 „Monasteries and Pilgrimages“. Discover Veria. Посетено на 9 август 2016.
  3. „Ιερά Μονή Παναγίας Δοβρά“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 26 јуни 2017.[мртва врска]
  4. Матковски, Александар (1983). Отпор на Македонија во времето на турското владеење, том 4. Скопје: Мисла. стр. 751.
  5. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  6. „Ιερά μονή Παναγίας Δοβρά“. Архивирано од изворникот на 31 мај 2008. Посетено на 19 јуни 2008.
  7. „Ιερά μονή Παναγίας Δοβρά“. Архивирано од изворникот на 12 мај 2008. Посетено на 19 јуни 2008.
  8. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/23794/408/22-7-1991 - ΦΕΚ 954/Β/20-11-1991“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-07-13. Посетено на 26 декември 2014.

Надворешни врски уреди