Диџеј Бабура, со вистинско име Љупчо Петровски ( 1972 - Скопје, 22 јануари 2016) - македонски диџеј.

Диџеј Бабура
Љупчо Петровски
Роден 1972
Починал 22 јануари 2016
Скопје, Македонија Македонија
Занимање диџеј

Животопис уреди

Почетоците му датираат од неговиот ангажман во радиото „Мега ФМ“ (заедно со колегата диџеј Хитмен) во почетокот на 1990-тите. Подоцна, Бабура се префрлил во редовите на “Антена 5” радио, каде што останува сè до почетокот на 2000-тите. После тоа станува дел од екипата на „Сити Радио“.

Диџеј Бабура најчесто пуштал хаус музика, а настапувал и паралелно со најпознатите светски диџеј-имиња кои гостувале во Македонија.

Во 2005 година:

Диџеј Бабура бил еден од сопствениците на гореспоменатото Сити Радио.

По кратко боледување, Диџеј Бабура починал во Скопје на 22 јануари 2016 година. Зад себе ги оставил сопругата Елена и два малолетни сина, близнаците Јаков и Јаким.[1]

Наводи уреди

  1. ПРЕРАНО ЗАМИНА ЛЕГЕНДО: Пријателите се простуваат од диџеј Бабура (ВИДЕО/ФОТО). Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2016-01-22.