„Дипан“ (француски: Dheepan) - француски филм од 2015 година, во режија на Жак Одијар (Jacques Audiard), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Џесутасан Антонитасан (Jesuthasan Antonythasan), Калјеасвари Сринивасан (Kalieaswari Srinivasan) и Клодин Винаситамби (Claudine Vinasithamby). Во 2015 година, филмот ја освоил „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал.

Синопсис уреди

Дипан е припадник на Тамилските тигри, воена организација која се бори против власта во Шри Ланка. При крајот на граѓанската војна, кога е очигледно дека Тамилските тигри ќе бодат поразени, Дипан одлучува да побегне, заедно со двајца странци (жена и девојче), надевајќи се дека така полесно ќе добие азил во Европа. Во Париз, тој и неговото „семејство“ се селат до еден до друг привремен стан и најпосле Дипан успева да најде работа како чувар. Тој се труди да создаде вистински дом за „својата жена и за детето“ и за започне нов живот, но секојдневното насилство со кое се соочува го принудуваат да ги активира борбените инстинкти за да ги заштити жената и девојчето за кои планира наскоро да му станат вистинско семејство.[1]

Наводи уреди