Димче Петрушевски

Димче Стојанов Петрушевски ( 1920 во Скопје17 ноември 1944 во Тетово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Димче Петрушевски
Роден 1920 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 17 ноември 1944(1944-11-17) (возр. 23–24)
Тетово, Македонија

Животопис уреди

Произлегува од работничко семејство. По завршувањето на основното училиште изучил занает. Работел како бравар. Во 1944 година се вклучил во организираната борба против окупаторот. Во септември истата година станал борец на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите борби на бригадата против балистите во околината на Скопје, како и во акциите против германските моторизирани колони на сообраќајниците. Дал придонес и во ослободувањето на родниот град. По ослободувањето на Скопје, учествувал во разбивањето на силни балистички банди во околината на Скопје. На 17 ноември 1944 година, во борбите за ослободувањето на Тетово, храбро загинал при блокадата на градот и во акцијата за разоружување на балистите, совесно вршејќи ја доверената задача.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 234–235. На |first= му недостасува |last= (help)