Димитар Кратовски

Димитар Кратовски ― еден од најзначајните македонски книжевници од XV век, поврзан со традициите на Кратовската книжевна школа.[1][2]

Димитар Кратовски
Роден 15 век
Познат Македонски книжевник

Животопис уреди

Во 1466 година, по придружба на охридскиот архиепископ Доротеј, тој направил словенски препис на Номоканонот за потребите на архиепископијата во Охрид.[2] Кон средината на XIX век, овој Номоканон сè уште се наоѓал во Охрид, каде што го пронашол рускиот славист Виктор Григорович. Меѓутоа, Григорович ги зел само последните листови од ракописот, кои сега се наоѓаат во Лениновата библиотека во Москва, во збирката на Григорович под сигнатура Ф 87 No 1707.[1] Овие листови (10) содржат опширен поговор за дијак Димитар, во кој има мошне интересни податоци за Охридската архиепископија и за историјата на Македонија воопшто.[1][2] Освен поговорот, фрагментот содржи, исто така, список на потчинетите на Цариградската патријаршија архиепископии и митрополии, речник на латински заемки што се употребени во текстот на Номоканонот со соодветен словенски превод и препис од две писма што влашкиот кнез Јоан Стефан и охридскиот архиепископ Доротеј ги размениле меѓу себе во 1456 година.[1]

Поговорот на Димитар Кратовски е интересен не само како историски извор, но и како книжевно дело. Големиот авторитет на дијак Димитар како книжевник се потврдува и од фактот што дел од неговиот поговор го користи познатиот книжевник и писател од тоа време Владислав Граматик при пишувањето на поговорот кон својот панегирик од 1469 година. Останатиот дел од Номоканонот на Димитар Кратовски досега не е пронајден.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Речник на старата македонска книжевност, Ѓорѓи Поп-Атанасов, Македонска книга, Скопје, 1989
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 157. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)