Димитар Велаков (10 мај 1908 во Баница (Леринско), Егејска Македонија7 март 1997 во Скопје, Македонија) — македонски партизан, учесник во НОВ, учесник во ослободителното движење во Грција и во Граѓанската војна.[1]

Димитар Велаков
Роден 10 мај, 1908 година
Баница (Леринско), Егејска Македонија - денес Грција
Починал 7 март, 1997 година
Скопје, Македонија
Националност Македонец

Животопис уреди

Во ослободителното движење се вклучил во предвоениот период. Во НОВ учествувал од 1941 година. Бил претседател на Окружниот народно ослободителен одбор за Леринско во 1944-1945 година. Во 1946-1947 година станал секретар за Окружниот одбор на НОФ за Леринско, а потоа политички комесар на бригадата на ДАГ.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 98. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)