Дива мисла (роман)

Дива мислароман на македонски јазик од битолскиот писател Владимир Костов. Делото било издадено во 2014 година од издавачката куќа Матица македонска.[1]

Дива мисла
АвторВладимир Костов
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман
ИздавачМатица македонска
Издадена
2014
Медиумпечатено издание

Носечка улога во романот има семејството Кожуварови. Низ широкиот спектар на настани, на човечки идеали и заблуди како на филмско платно ја публикува сликата за живеачката во еден затворен круг, во кој главна цел е потрагата по материјалното богатство. Неговите херои се илузионисти, заблуденици и несреќници, егоисти и самотници, кои не ја споделуваат радоста и среќата со средината во која живеат. Дури и во поглед на семејството, тие се ограничуваат во неговото проширување, со цел наследството да не се сподели со други луѓе.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Дива мисла“ - нов роман од Владимир Костов на семрежната страница на Нетпрес.