Дива мачка
Европска дива мачка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мачки
Род: Мачка
Вид: F. silvestris
Научен назив
Felis silvestris
Јохан Кристијан Даниел фон Шребер, 1775

Види го текстот

Петте подгрупи на Felis според истражувањето во 2007 година на ДНК-а.

Дивата мачка е силно животно со тркалезна глава.

Особености уреди

Има кратка муцка и кратки уши. Меѓу острите заби се издвојуваат острите долги песјаци. Телото е покрено со густо сиво-кафеаво крзно со напречни темни шарки. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв. На предните нозе има пет прста, а на задните четири, што се одоздола секогаш црни. На прстите има канџи кои може да ги вовлекува. Градите и стомакот имаат побледа еднолична боја. Мажјакот е поголем и израснува до 90 cm во должина, од што опашката зафаќа околу 37 cm, а е тежок до 15 кг. Живее во шуми со шумски чистини. Активна е и ноќе. Лови приквечер или в зори. Внимателна е, добро трча и се качува по дрвја. Лови жив плен - зајци, птици, глувци. При крајот на пролетта окотува до 4 младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки.

Распостранетост уреди

Освен во северна, распостранета е речиси во цела Европа. Таа е загрозен вид, зашто се лови заради ценетото крзно.[1]

Дивата мачка како тема во уметноста уреди

  • „Дивиот мачор и петелот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[2]

Наводи уреди

  1. Животинско Царство
  2. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 55-56.