Дејанчо Богданов (Чашка, Велешко, 27 февруари 1980Велес, 24 март 2001) — македонски бранител, војник на АРМ, учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 24 март 2001 година од експлозија на бомба при обука.[1]

Дејанчо Богданов
27.02.1980 – 24.03.2001 (21 г.)

Роден во:Чашка, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Велес, Македонија Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Војник во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1
Одличја: Медал за храброст

Животопис уреди

Живот, војната 2001 и сведоштва уреди

Дејанчо Богданов е роден на 27 февруари 1980 година во Чашка, Велешко. Кога започнал Воениот конфликт во 2001 година бил дел од Велешката бригада, која во текот на седумте месеци воени операции била распоредена на Матка, Рашче, Танушевци, Карпалак, Кучково, Слупчане и Ваксинце. Загинал на 24 март 2001 година од експлозија на бомба при обука во близината на Велес. Неговото име било испишано на бронзената плоча на Споменикот на Бранителите во центарот на Скопје.[2] Богданов е еден од шестемина велешки бранители кои го положиле својот живот во територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија.[3] Дејанчо Богданов посмртно бил одликуван со Медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]

Наводи уреди

  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга, 2002
  2. „Споменикот за бранителите се фрла од мене до тебе“. Вест. 17 мај 2003. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 2017-02-28.
  3. „Организацијата на резервни офицери одбележа 15 години од воениот конфликт во 2001 година“. MKD.mk. 27 април 2016.
  4. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-01-30.