Ден на Австралија

Денот на Австралија е официјален национален ден на Австралија. Се прославува на 26 јануари кога се одбележува пристигнувањето на Првата флота во Сиднеј Ков во 1788 година. На овој ден била основана првата колонија од Европјаните и Артур Филип (првиот гувернер на Нов Јужен Велс) го подигнал Британскито знаме.

Ден на Австралија
Ден на Австралија
Порт Џексон на Денот на Австралија во 2004 година
Наречен иДен на основањето, Ден на опстанокот, Ден на инвазијата
Го празнува(ат)Австралиските граѓани, жители и доселеници
ВидНационален
ЗначењеДенот на пристигнување на Првата флота во Порт Џексон во 1788 година
Датум26 Јануари
ОбичаиСемејни собирања, огномети, излети и скари, паради, доделување на разни награди на заслужни граѓани

Денес во Австралија, прославите имаат за цел да го рефлектираат различното општество на нацијата.[1]

Во минатото различните сојузни држави во Австралија имале свој посебен датум кој бил од историско значење за таа сојузна држава.[2] Порано овој датум бил познат под различни имиња како Ден на годишнината, Ден на основањето и Ден на АНА.[3] На 26 јануари 1788 година се одбележува прогласувањето на британскиот суверенитет над источниот брег од Австралија (познат во тоа време како Нова Холандија).[4] Овој ден почнал да се слави како Ден на Австралија еден век подоцна, но сепак има записи за одржување на прослави на 26 јануари од 1808 година, а првата официјална прослава на основањето на Нов Јужен Велс се одржала во 1818 година. На 1 јануари 1901 година, британските колонии во Австралија се здружиле во федерација, што всушност значи раѓање на модерна Австралија. Бил потребен национален ден со кој заеднички ќе се прославува единството. Во 1935 година, бил усвоен терминот „Ден на Австралија“ од сите австралиски држави и територии за да се одбележи датумот, а дури во 1994 година тој датум бил прогласен за државен празник на сите сојузни држави и територии.[5]

Во современа Австралија, празникот се одбележува со доделување на наградите „Австралијанец на годината“ и обраќање на Генералниот гувернер и премиерот. Во повеќето градови ширум Австралија има фестивали, концерти и церемонии. Денот на Австралија стана најголемиот годишен граѓански настан во Австралија.[6]

Домородните австралијанци овој датум го сметаат како инвазија на земјата од страна на Британците и почеток на колонизацијата. Тие се против тоа овој ден да се слави како национален празник. 26 јануари го нарекуваат Ден на инвазијата, Ден на опстанокот или Ден на жалост. Затоа повикуваат да се смени датумот,[7][8] или целосно да се укине празникот.[9][10] Сепак, Австралијанците кои се за промена на датумот се малцинство.[11][12][13][14]

Современи прослави уреди

Од 1988 година, учеството на граѓаните во прославувањето на Денот на Австралија постојано се зголемува. Од 1994 година сите држави и територии за прв пат почнале заеднички да го прославуваат како државен празник.[15] Пред тоа, некои држави го прославувале државниот празник во понеделник или петок за има продолжен викенд.[16]

 
500.000 луѓе го гледаат огнометот во Перт на Денот на Австралија во 2006 година

Ширум Австралија се одржуваат концерти на отворено, се прават скари, се одржуваат спортски натпревари, фестивали и огномети. Овие официјални настани се претставени од Националниот совет за денот на Австралија, кој е официјален совет или комитет во секоја држава и територија и од локални комитети.[17]

Наводи уреди

  1. „What does Australia Day mean?“. Архивирано од изворникот на 28 May 2016.
  2. Darian-Smith, Kate. „Australia Day, Invasion Day, Survival Day: a long history of celebration and contestation“. The Conversation. Архивирано од изворникот на 29 December 2018. Посетено на 26 January 2019.
  3. „Australia Day in question“. The Age. 26 January 2008. стр. 2.
  4. „Australia Day – A History“. Victoria State Government. Архивирано од изворникот на 19 July 2008. Посетено на 26 January 2009.
  5. „History“. Архивирано од изворникот на 2021-12-28. Посетено на 2021-12-28.
  6. National Australia Day Council Annual Report 2010–11 p. 3
  7. Marlow, Karina (21 January 2016). „Australia Day, Invasion Day, Survival Day: What's in a name?“. NITV. Посетено на 30 July 2016.
  8. Gabrielle Chan (26 January 2017). „Most Indigenous Australians want date and name of Australia Day changed, poll finds“. The Guardian. Посетено на 26 January 2017.
  9. Flynn, Eugenia (23 January 2018). „Abolish Australia Day – changing the date only seeks to further entrench Australian nationalism“. IndigenousX. Посетено на 8 January 2019.
  10. Knaus, Christopher; Wahlquist, Calla (26 January 2018). 'Abolish Australia Day': Invasion Day marches draw tens of thousands of protesters“. The Guardian. Посетено на 8 January 2019.
  11. „Ipsos Australia Day Poll Report“. Ipsos. 24 January 2021. Архивирано од изворникот на 2021-12-28. Посетено на 22 March 2021.
  12. „Poll - Mainstream Australians Continue To Support Australia Day On 26 January“. IPA - The Voice For Freedom (англиски). 2021-01-17. Посетено на 2021-03-22.
  13. Topsfield, Jewel (24 јануари 2021). „Why some Australians don't want a date change“. The Sydney Morning Herald (англиски). Посетено на 2021-03-02.
  14. Tippet, Gary (25 January 2009). „90 years apart and bonded by a nation“. Melbourne: Australia Day Council of New South Wales. Архивирано од изворникот на 31 January 2009. Посетено на 25 January 2009.
  15. „Australia Day History“. Архивирано од изворникот на 1 September 2017. Посетено на 1 September 2017.
  16. Kwan, Elizabeth (2007). „Celebrating Australia: A History of Australia Day“ (PDF). National Australia Day Council. Архивирано од изворникот (PDF) на 9 March 2020. Посетено на 24 March 2020.
  17. „National Australia Day Council: Annual Report 2008–2009“. National Australia Day Council. 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-03-18. Посетено на 28 July 2010.