Делчевско-каменичка епархија

архиерејско намесништво


Делчевско-каменичката епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избран градот Делчево, како дел од процесот за интеграција на Православната Охридска Архиепископија. За архијереј е избран епископот Марко Делчевско-каменички,[1] поранешен епископ на ПОА. Ова архијерејско намесништво ги опфаќа градовите Делчево и Македонска Каменица, заедно со селата во Пијанец.

Делчевско-каменичка епархија

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево
Основач МПЦ
Независност
Признавање православие
Поглавар Марко
Седиште Делчево
Територија Делчево, Македонска Каменица
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал

До 2023 година епархијата била дел од Брегалничката епархија како архијерејско намесништво.

Парохии уреди

Намесништвото е поделено на неколку парохии:

  • Прва делчевска парохија - сместена во црквата „Св. Богородица“ во Делчево;
  • Втора делчевска парохија - со манастирите: „Источен петок-Балаклија“ и „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево;
  • Ѕвегорска парохија -парохија со седиште во црквата „Св. Јован Крстител“ во село Ѕвегор. Други позначајни храмови во парохијата се: црквата „Св. Димитриј“ во село Габрово, манастирот „Св. Петка“ во село Селник, црквата „Св. Архангел Михаил“ во село Драмче, црквата „Св. Ѓорѓи“[2] во село Град и други.
  • Прва каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Димитар Темелков (сос. 2016);
  • Втора каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Ванчо Џаџовски (сос. 2016);
  • Трета каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Николчо Воиноски (сос. 2016);

Наводи уреди

  1. САС на МПЦ (20. јуни 2023). „Соопштение (20.06.2023 14:38)“. mpc.org.mk. МПЦ. Посетено на 20. јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. Ферман за изградба и доградба на црквата св. Ѓорѓија во с. Град, Делчевско, Гласник на ИНИ, XIX/1, Скопје, 197-200