Делфинот е морски цицач, близок сродник на китот.

Делфини
Делфините се неформална група во инфраредот Cetacea
Делфин
Information
Класификација на
Cetacea
Семејства кои се
сметаат за делфини

Особености уреди

Постојат речиси 40 видови делфини, распоредени во 17 родови. Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 кг во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони. Можат да се најдат насекаде во светските мориња, а најмногу во поплитките мориња на крајбрежните гребени. Делфините се месојади и најмногу се хранат со риби и лигни. Семејството на Delphinidae е најголемо во редот Cetacea и релативно најмлада: делфините еволуирале пред околу 10 милиони години, за време на Миоцен. Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура. Делфинот живее во море или океан.

Делфинот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Насмевката на делфинот“ (англиски: Dolphin's Smile) — песна на американската рок-група „Брдс“ (The Byrds) од 1968 година.[1]
  • Фотографија на два делфина се наоѓа на обвивката на музичкиот албум „Не можеш да ја криеш љубовта засекогаш“ (англиски: You Can't Hide Your Love Forever) на шкотската рок-група „Оринџ џус“ (англиски: Orange Juice) од 1982 година.[2]
  • Делфинот Берни“ (англиски: Bernie The Dolphin) — американски филм од 2018 година, во режија на Тери Емерсон и Марти Пул.[3]
  1. YouTube, The Byrds - Dolphin's Smile (пристапено на 30.8.2017)
  2. Discogs, Orange Juice (3) ‎– You Can't Hide Your Love Forever (пристапено на 22 март 2021)
  3. РТС, Делфин Берни (пристапено на 4 мај 2021)