Девствено море (руски: Ювенильное море) е роман од рускиот писател Андреј Платонов. На македонски јазик, книгата е објавена во 2013 година во издание на "Темплум", како 111 книга во рамките на едицијата “Магма”. Преводот од руски јазик е дело на Павел Попов.

Технички одлики уреди

Книгата е печатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 143 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 608-4658-20-7. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на The Royal Art Lodge, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“. Романот е објавен со поддршка од Министерството за култура на Македонија.[1]

Содржина уреди

Електроинженерот Николај Вермо е испратен во совхозот за месо “Родителското дворче”, некаде во степиите на југоистокот од СССР. Таму ги среќава работничката Надежда Бесталоевна, која веднаш му е допаѓа, како и Адријан Умришчев, кој како идеолошки “неразјаснет”, е испратен во степата на докажување на неговата чесност. Веднаш по пристигнувањето на Вермо, работничката Ајна, извршува самоубиство. Во совхозот работи и старицата Федератовна, која со голем ентузијазам се посветува на изградбата на социјализмот. На вработените во совхозот Вермо им ги изложува своите планови за разни проекти за зголемување на производството, меѓу кои и идејата за изградба на голем број езера во степата од кои би се напојувал добитокот. За таа цел, тој предлага да се направи динамо-машина со која би се дупчела земјата во степата и така да се дојде до големото подземно море со чиста вода за пиење. Бесталоевна ја набавува потребната опрема, но практичната примена на Вермо пропаѓа. Сепак, нивната надеж не згаснува и Вермо и Бесталоевна патуваат во Америка за експериментално да ги проверат неговите идеи за длабоко дупчење на земјата со електричен пламен и за добивање електрична енергија од светлината на небото.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Андреј Платонов, Девствено море, Темплум, Скопје, 2013.