Девица (кована пара од 2014 година)


Девицакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2014 година.

Девица
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2014
Цена 2.700 ден.

Опис уреди

Лице уреди

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.[1]

Опачина уреди

На опачината од парата е прикажана слика на девојка на небесна нишалка и соѕвездието коешто му одговара на хороскопскиот знак Девица, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс, цвет со симболот на хороскопскиот знак „Девица“ и името на латински јазик.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ДЕВИЦА". Посетено на 8 јануари 2018.