Да живееш живот (португалски јазик: Viver a Vida) е бразилска теленовела. Теленовелата започна да се емитува во ударниот термин на Реде Глобо телевизијата, заменувајќи ја успешницата на Глорија Перес, „Патот на Индијките“. Ова е првата новела на Маноел Карлос каде што главниот лик Елена ја глуми црна девојка и тоа популарната глумица Таис Араухо.

Да живееш живот
Жанрдрама
теленовела
Создадена одМаноел Карлос
УлогиТаис Араухо
Жозе Мајер
Џована Антонели
Тијаго Ласерда
Воведна тема"Sei lá... A vida tem sempre razão" Chico Buarque, Tom Jobim & Miúcha
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизодиво емитување
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување14 септември 2009 – непознато
Хронологија
Следбеникнепознато
Надворешни врски
Мрежна страницаviveravida.globo.com

Синопсис уреди

Елена е модел, млада и убава која секогаш има голем успех во нејзините модни дефилеа. Но, таа не е свесна дека нејзината судбина ќе се промени драстично од моментот кога ќе се заљуби во Маркос. Маркос е човек кој е 20 години постар од неа, и кој терба да му стави крај на својот брак кој го има веќе 30 години. Маркос е поранешен сопруг на Тереза, со која имал три прекрасни ќерки: Лусијана, Изабела и Миа, која е најмладата ќерка а и посвоена. Секој си има своја приказна и своја различна сопственост. Лусијана е разгалена девојка и добар модел, а што е уште полошо, таа е и најголемиот соперник на Елена. Лута од новата врска на неговиот татко, Лусијана заедно со нејзината мајка Тереза ќе се борат против таа љубов. Изабела е фина девојка која живее во тотално спротивни ставови од Лусијана. Миа е најмладата, која е секогаш пријателски настроена.

Лусијана се гледа со Хорхе, заљубен човек, но не и‘ се допаѓа тоа што тој е против идејата таа да биде модел. Хорхе, одговорен и сериозен има проблеми дома со неговиот брат близнак Мигел, кој е тотално различен карактерно од него. Единствената преокупација на Мигел е неговата девојка Рената. Таа, која што не е спремна да со оствари својот сон да стани глумица, започнува опасна навика со пиењето и алкохолот.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Таис Араухо Елена
Жозе Мајер Маркос
Џована Антонели Дора
Тијаго Ласерда Бруно
Матеус Солано Хорхе/Мигел
Летисија Спилер Бетина
Камила Моргадо Малу
Барбара Паз Рената

Надворешни врски уреди