Даутово
Даутово, Даутче или Дауча (грчки: Ελεούσα, Елеуса, до 1926 г. Δαούτσα, Даутца, Δαούτση, Даутци[2] — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. До 1920-тите било населено со Турци.[3]
Даутово Ελεούσα | |
---|---|
Координати: 40°44.53′N 22°37.35′E / 40.74217° СГШ; 22.62250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Илиџиево |
Општ. единица | Илиџиево |
Надм. вис. | 14 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.214 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија уреди
Селото се наоѓа во Солунското Поле, на 33 км северозападно од Солун.
Историја уреди
Во Отоманското Царство уреди
Во XIX век Даутово било село во Солунската каза кое подоцна е претворено во чифлик.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Даутово (Даутче) броело 250 жители Македонци христијани.[5][6] Според општинскиот портал на Илиџиево, селото било турско.[7]
Според грчки податоци во 1905 г. селото било муслиманско.[4]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Дауџа се состоело од 25 турски куќи.[8]
Во Грција уреди
По Балканските војни во 1913 г. селото било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 260 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 222 лица.[3] Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки доселеници од малградското село Девеџиќој во Источна Тракија.[7] Во 1926 г. селото е преименувано во Елеуса во чест на Богородица.[7] Во 1928 г. Даутово е претставено како чисто дојденско село со 53 семејства сочинети од 178 лица.[9] Во 1926 г. Вардар го поплавил селото со разорни последици, и до 1935 г. се преземале низа мерки за заштита од поплави. Во 1930 г. во Даутово се населиле жителите дојдени во напуштеното турско село Ментешли, и така Даутово почнало да расте.[3] Во 1950-тите е изградено големо вештачко езеро и мрежа од наводнувачки канали кои ја носеле водата на Вардар од Солунското Поле.
Селаните се занимаваат претежно со одгледување на пченка и памук, како и со сточарство.[7]
Население уреди
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 556 | 604 | 689 | 524 | 492 | 537 | 394 | 385 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи уреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 316. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (јули 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 48.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 „Ελεούσα“. Δήμος Χαλκηδόνας. Посетено на 8 јули 2019.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012