Дарко Глишиќ
Дарко Глишиќ (роден на 23 септември 1991 г. во Скопје) — македонски фудбалер кој игра на позицијата лев бек во Вардар.
Дарко Глишиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 23 септември 1991 | ||
Роден во | Скопје, Македонија | ||
Држава | Македонија | ||
Висина | м | 1,82||
Позиција | Лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вардар | ||
Број | 3 | ||
Младинска кариера | |||
Вардар | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010 | Вардар | 4 | (0) |
2010 | Олимпик Сараево | 1 | (0) |
2011 | Скопје | 13 | (3) |
2011 | Напредок | 18 | (3) |
2012 | Тетекс | 10 | (0) |
2012–2014 | Динамо Тбилси | 43 | (3) |
2014–2018 | Вардар | 41 | (0) |
2018–2019 | Септември Софија | 14 | (0) |
2019 | Арда Крџали | 12 | (0) |
2020 | Шкупи | 19 | (0) |
2021 | Докса Катокопијас | 13 | (0) |
2021– | Вардар | 40 | (2) |
Репрезентација | |||
2010–2011 | Македонија под 19 г. | 4 | (0) |
2010–2012 | Македонија под 21 г. | 5 | (0) |
2013 | Македонија | 2 | (0) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 8 март 2023 |
Животопис уреди
Дарко Глишиќ е роден во 1992 година, во Скопје. Започнал да тренира фудбал на осумгодишна возраст, во фудбалската школа на ФК Вардар од Скопје.
Во 2018 година, снимил реклама за моден бренд за машка облека.[1]
Технички одлики уреди
Вообичаено игра на позицијата лев бек.
Клупска кариера уреди
Во 2010 година на 17 годишна возраст, Дарко Глишиќ заиграл во првиот тим на Вардар, каде настапувал само една полусезона. Потоа, тој го потпишал својот прв професионален договор со екиата на Олимпик Сараево од Босна и Херцеговина. Во 2012 година преминал во грузискиот Динамо Тбилиси каде одиграл две сезони во кои бил стандарден и одиграл преку 50 натпревари. Со Динамо исто така дошол до својте први трофеи во кариерата, освојувајќи ги по двапати грузиското првенство и грузискиот куп (во сезоните 2012-2013 и 2013-2014). Во летото 2014 година, Глишиќ се вратил во Вардар.[2] Со Вардар го освоил македонското првенство трипати по ред во периодот 2014-2017.
На 14 октомври 2018, потпишал за бугарската екипа Септември Софија.
Титули уреди
Динамо Тбилиси уреди
- Грузиско првенство (2) : 2012–2013, 2013-2014
- Куп на Грузија (2) : 2012-2013, 2013-2014
Вардар уреди
Наводи уреди
- ↑ „Фудбалерот Глишиќ стана модел“. reporter.mk. 24 октомври 2018. Посетено на 25 февруари 2018.
- ↑ Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 6-7.