Даниел Карвахал Рамос (шпански: Daniel Carvajal Ramos), (Леганес, 11 јануари 1992) - шпански фудбалер, кој игра како десен бек и настапува за шпанскиот Реал Мадрид.

Дани Карвахал
Dani Carvajal
Карвахал во дресот на Реал Мадрид во 2013 година
Лични податоци
Полно име Даниел Карвахал Рамос
Роден на 11 јануари 1992(1992-01-11)(32 г.)
Роден во Леганес, Шпанија
Висина 1,73 м
Позиција Централен одбранбен играч
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид
Број 2
Младинска кариера
1999–2002 Леман
2002–2010 Реал Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2012 Реал Мадрид Б 68 (3)
2012–2013 Бајер Леверкузен 32 (1)
2013– Реал Мадрид 112 (2)
Репрезентација
2010–2011 Шпанија П19 11 (0)
2012–2014 Шпанија П21 10 (1)
2014– Шпанија 13 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16:22, 29 април 2017 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 28 март 2017

Клупска кариера уреди

Реал Мадрид Кастиља уреди

Карвахал влегува во академијата на Реал Мадрид на десетгодишна возраст и игра во сите формации на клубот. Во текот на 2010 година стига до вториот тим на клубот – Реал Мадрид Кастиља.

Во својата прва сезона за резервниот тим, Карвахал станува стартер и ја презел капитенската лента. Во следната сезона, 2011/12, одигрува 38 натпревари и постигнува два гола, помагајќи му на тимот да се врати во Сегунда дивисион после петгодишно отсуство.

Бајер Леверкузен уреди

На 11 јули 2012 година, Карвахал преминува во германскиот Бајер Леверкузен, со договор на 5 години. Клаузула во договорот за продажба му дава право на Реал да си го врати Карвахал за сума од 6,5 милиони евра по една сезона, 7 милиони евра по две и 8 милиони евра по три сезони.[1]

Карвахал дебитира за Леверкузен на 1 септември 2012 година со победата со 2 : 0 на домашен терен против Фрајбург. На 25 ноември 2012 година го постигнува својот прв гол за клубот, постигнувајќи го вториот гол за победа од 2 : 1 над Хофенхајм.

Реал Мадрид уреди

Во 2013 година преминува во тимот на Реал Мадрид за сума од 6,5 милиони евра, согласно клаузулата од договорот за трансфер со Бајер Леверкузен. На 8 јули 2015 година го обновува договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2020 година.[2][3]

Репрезентативна кариера уреди

Карвахал настапува за Шпанија до 18 години, Шпанија до 19 години и Шпанија до 21 година, а на 2 септември 2014 година дебитира за првиот тим на репрезентацијата на Шпанија на пријателскиот меч со репрезентацијата на Франција загубен со 1 : 0 на гости.[4][5][6]

Успеси уреди

Клупски уреди

  Шпанија Реал Мадрид Кастиља
  • Сегунда дивисион Б: 2011/12

  Шпанија Реал Мадрид

Национални уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди