Дамјан Шишковски

македонски фудбалер

Дамјан Шишковски (Скопје, 18 март 1995) — македонски фудбалски голман кој моментално игра за Докса Катокопијас,[1] и за репрезентацијата на Македонија.[2]

Дамјан Шишковски
Лични податоци
Полно име Дамјан Шишковски
Роден на 18 март 1995(1995-03-18)(29 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Висина 1,93 м
Позиција Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Докса Катокопијас Докса Катокопијас
Број 1
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2018 Работнички Работнички 75 (0)
2015Гент Гент 0 (0)
2018–2019 Лахти Лахти 15 (0)
2019 РоПС РоПС 5 (0)
2019–2020 Работнички Работнички 23 (0)
2020– Докса Катокопијас Докса Катокопијас 87 (0)
Репрезентација
2012 Македонија Македонија под 17 г. 9 (0)
2012–2014 Македонија Македонија под 19 г. 1 (0)
2014–2017 Македонија Македонија под 21 г. 7 (0)
2020– Македонија Македонија 9 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 7 јуни 2021
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 22 април 2023

Клупска кариера уреди

Дамјан Шишковски својата кариера ја има започнато во 2010 година во екипата на Работнички од Скопје. Во екипата играл во периодот од 2010 до 2018 година и забележал 75 настапи. Во сезоната 2018 година преминува во екипата на Лахти од Финска, каде во сезоната 2018/2019 забележал вкупно 15 настапи. Во 2019 преминал во тимот на РОПС каде настапил на 5 натпревари. Во сезоната 2019/2020 се враќа во екипата на Работнички, и за екипата настапил на 23 натпревари. Во 2020 година преминал во екипата на Докса Катокопијас каде сè уште настапува, досега за овој тим одиграл 87 натпревари.

Репрезентативна кариера уреди

Своето деби за македонската фудбалска репрезентација го имал во 2020 година и досега настапил на 8 натпревари.

Бил дел од Младинското европско првенство до 21 година во 2017 година во Полска, каде настапил на натпреварот против Португалија кој Македонија го загубила со 4-2.

Исто така бил во составот на македонската репрезентација на европското првенство во 2021 година, каде не забележал настап.

Репрезентативна статистика уреди

Македонија
Година Настапи Голови
2020 6 0
2021 0 0
Вкупно 6 0

Трофеи, награди и признанија уреди

Екипно уреди

  Работнички
  Гент
  • Прва лига на Белгија: 2014/15.[4]

Наводи уреди

  1. „Damjan Shishkovski“. Фудбалски сојуз на Израел (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 2 април 2023.
  2. Marković, Dušan (7 јуни 2021). „Severna Makedonija“. Нова С. Посетено на 2 април 2023.
  3. 3,0 3,1 „Macedonia 21 јануари 2021“. en [RSSSF] (англиски). Посетено на 2 април 2023.
  4. Дамјан Шишковски на soccerway

Надворешни врски уреди