Дамјан Пејчиноски

македонски музичар

Дамјан Пејчиноски (25 октомври 1984, Охрид) — македонски гитарист активен во современото свирење електрична гитара, особено во фјужн-џезот.

Дамјан Пејчиноски-Пејчин
Дамјан Пејчиноски (Омиш Гитар Фест, 2011)
Животописни податоци
Роден(а)25 октомври 1984(1984-10-25)(39 г.)
Македонија Охрид, Република Македонија
Жанровифјужн-џез
Занимањагитарист
Инструментиелектрична гитара

Живот и кариера уреди

Пејчиноски почнал да свири гитара на шестгодишна возраст. По завршувањето на основното и средното училиште во родниот Охрид, каде што живее и денес, во 2003 година се запишал во Националната музичка академија „Проф. Панчо Владигеров“ во Софија каде почнал да студира џез со целосна стипендија, која ја завршил со магистратура.[1] Во текот на својата музичка кариера Пејчиноски остварил бројни национални и меѓународни настапи. Во мај 2010 година ја претставувал Македонија на сцената како дел од Изборот за песна на Евровизија во Осло. Од 11ти до 14ти април 2012 година тој учествувал на добро познатиот фестивал на гитара во Омиш.[2]

Инструмент уреди

Пејчиноски свирел на Music Man Axis гитара, а потоа PRS (Paul Reed Smith Guitar Company) му направил посветена гитара.[3] Ова го прави првиот музичар од југоисточна Европа кој се приклучил на листата на свирачи на ПРС гитара како што се Карлос Сантана, Орианти, Ал Ди Меола и Дејв Наваро.

Наводи уреди

  1. Архивирано на {{{2}}}.
  2. Архивирано на {{{2}}}.
  3. Архивирано на {{{2}}}.

Надворешни врски уреди