ДСУ „Искра“ - Штип


Државно средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ — средно училиште со ученички дом за ученици со посебни образовни потреби, се наоѓа во Штип, Општина Штип. Училиштето е сместено на 1,5 km од Центарот на градот, на магистралниот пат Штип - Радовиш - Струмица во непосредна близина на термо минералната бања „Кежовица“ во месноста Ново село.

ДСУ „Искра“

Место
Општина: Штип
Место: Штип
Основни информации
Контактни информации
Портал centariskra.schools.edu.mk

Воспитно образовната институција постои од ноември 1981 г. Објектот во кој се сместени училиштето и домот е изграден во 1952 г. и во него било сместено некогашното земјоделско училиште, а во 1979 г. е адаптирано и приспособено за вршење на дејноста на ДСУ “Искра”.

Суштината на постоењето на ДСУ ”Искра” Штип е од посебен интерес на Републиката и е единствена институција од ваков вид во Источниот дел на Р Македонија за згрижување, воспитание, образование и рехабилитација на ученици младинци со пречки во развојот и посебни образовни потреби. Од основањето до денес своето право на воспитание, образование и рехабилитација го оствариле околу 1000 ученици.

Учество на натпревари уреди

Освоени награди уреди

Познати личности кои учеле во ова училиште уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште уреди

Надворешни врски уреди