Грунишки манастир

манастир во Македонија

Грунишки манастирманастир во јужниот дел на Македонија, на влезот од селото Груништа.

Грунишки манастир
Манастирската црква со чешмата
Информации
Целосно имеГрунишки манастир
Други имињаМанастир „Свети Петка“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвета Петка
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Петка“
Личности
Место
МестоГруништа, Општина Новаци Македонија Македонија
Координати41°03′24.7″N 21°41′49.4″E / 41.056861° СГШ; 21.697056° ИГД / 41.056861; 21.697056
Видливи остатоциедна црква, конак, чешма, помошен објект
Отворен за јавностада
Други информации(Старавинска парохија)

Историја уреди

Манастирот бил основан со изградбата на манастирската црква во 1926 година.[б 1][1]

Градби уреди

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошен објект.

Чешма уреди

Во дворот на манастирот има извор со вода којашто тече преку чешма којашто е прилепена до северниот ѕид на манастирската црква. Меѓу мештаните постои верување дека водата којашто тече е лековита.[1]

Црква „Света Петка“ уреди

Градбата на црквата е со квадратна основа без апсида. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна.

Галерија уреди

Белешки уреди

  1. Според натписот до влезот на манастирската црква, таа била изградена во мај 1925 година.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Груништа Архивирано на 1 декември 2021 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски уреди