Груица и пашата од Загорје

Груица и пашата од Загорје (српски: Грујица и паша са Загорја) е српска епска (ајдучка) песна.

Содржина уреди

Пашата од Загорје му испратил писмо на кнезот Милутин од Грахово, порачувајќи му да му подготви 30 соби за неговите јунаци, да набави 30 девојки за нив, а нему да му ја подготви ќерката Иконија. Кнезот почнал да плаче, а Иконија му рекла да ги подготви собите, а таа ќе ги повика девојките. Потоа, таа му испратила писмо на својот побратим, Грујо Новаковиќ, канејќи го да дојде во друштво со 30 убави другари. Кога притигнале Груица и другарите, Иконија ги облекла во женска облека и ги затворила во собите. Кога пристигнал пашата, тој се соблекол со намера да ја љуби Иконија и тогаш, Груица му го открил својот идентитет и го заклал, а потоа испукал двапати, давајќи им сигнал на своите другари, кои ги убиле јунаците на пашата. Потоа, Груица седнал да вечера со дружината, кнезот им дал 600 дукати, а Иконија им подарила 30 кошули, како и подароци за Старина Новак и за дели Радивој. Потоа, Груица и дружината се вратиле на планината Романија.[1] [2]

Осврт кон песната уреди

Старина Новак, навистина постоел, само што во овој лик се претставени две историски личности: јунакот од XV век, Новак Дебелиќ и Баба Новак, заповедник на ајдучките чети од крајот на XVI век. Од друга страна, неговиот брат или побартим, дели Радивој не е познат во историјата. Исто така, не е сигурно дали постоел малиот Груица, синот на Старина Новак, иако постојат мислења дека тој би можел да биде вистинска историска личност (ајдучки арамбаша). За пашата се верува дека е вистинита историска личност, но не се знае кој би можел да биде кнезот Милутин.[3]

Наводи уреди

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 25-30.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 320-325.
  3. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 147-148.