Грозни

град во Русија

Грозни (руски: Грозный, чеченски: Соьлж-ГIала) — град во Русија и главен град на Чеченија. Градот се наоѓа во северниот дел на Кавказ. Според пописот на населението од 2010 година во градот живееле 271.596 жители, а пред војната во Чеченија, околу 399.000.

Грозни
Грозный
град
Други транскр.
 • чеченскиСоьлжа-Гӏала
Знаме на ГрозниГрб на Грозни
ДржаваРусија
Федерален субјектЧеченија
Основан во1818
градски статус оддекември 1869
Управа
 • ГрадоначалникМуслим Хучиев
Надм. вис.&10000000000000130000000130 м
Население (попис 2010)[1]
 • Вкупно271.573
 • проц. од (2018)[2]297.137 (+9,4%)
 • Ранг67-ми во 2010
 • Подреден наград од републичко значање Грозни
 • Главен град наЧеченија
 • Седиште наград од републичко значење Грозни
 • Градски округУрбан округ Грозни
 • Седиште наУрбан округ Грозни, Округ Грозни
Часовен појасмосковско време Уреди википодатоци[3] (UTC+3)
Поштенски бр.[4]364000–364099Уреди википодатоци

Историја уреди

 
Рушевини во градот по Првата светска војна

Грозни е основан во 1818[5] како руска тврдина на реката Солжи. Името е отсликавано негостољубиво опкружување на чеченски горештински ајдуци. Првото име на местото било „грозна тврдина“ (крепость Грозная), а како околу тврдината со време настанал град, така во 1870 година името е променето во Грозни. Во оваа тврдина своевремено служеле како војници Михаил Љермонтов и Лав Толстој.

Грозни станал главен град на новооснованата Чеченска автономна област во 1922 година.

За време на војната во Чеченија било уништено околу 80% од градот. Најжестоките борби се водени од 1994 година до 1996 година (Прва чеченска војна). Од јануари 2000 година Грозни е под контрола на органите на Руска федерација (Втора чеченска војна).

Последните години во Грозни трае голем проект за обнова. Во септември 2006 е објавено дека во центарот на градот потполно се обновени последиците од војната. Аеродромот Грозни (међ. ознака GRV) повторно е отворен во октомври.

Локалниот фудбалски клуб Терек Грозни во 2004 година освоил пехар на победник на рускиот куп и играл во купот УЕФА.

Контроверзии околу името уреди

 
Црква во Грозни

Чеченските сепаратисти го нарекуваат градот Џовкар Гала, Џокар или Џохар (чеченски: Джовхар-ГІала) по првиот претседател на сепаратистичката Чеченска Република Ичериј Џохар Дудајев.

Во декември 2005 година чеченскиот парламент се обратил на властите на Русија со молба да го смени името Грозни во Ахмадкала. Оваа барање е објаснето со желба да се заборави на темните страници на чеченската историја. Новото име требало да потсетува на атентатот на убиениот претседател Ахмад Кадиова. Актуелниот премиер на Чеченија, Рамзан Кадиров (воедно и син на загинатиот Ахмад) го одбил тој предлог.

Демографија уреди

Според прелиминарните податоци од пописот во градот од 2010 година, живееле 271,596 жители, односно 60,876 (28,89%) повеќе од 2002 година.

Движење на бројот на населението
2002 2010
210.720 271.596

Наводи уреди

  1. Федерална служба за државна статистика (2011). „Всероссийская перепись населения 2010 года. Том 1“. Всероссийская перепись населения 2010 года. Федерална служба за државна статистика. Посетено на June 29, 2012.
  2. http://www.gks.ru/free_doc/doc_2018/bul_dr/mun_obr2018.rar; датум на архивирање: 26 јули 2018; датум на проверка: 25 јули 2018; архивска URL: https://web.archive.org/web/20180726010024/http://www.gks.ru/free_doc/doc_2018/bul_dr/mun_obr2018.rar.
  3. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
  4. Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)
  5. Ваксман А. А., "Записки краеведа", Чечено-Ингушское книжное издательство, Грозный, 1984

Надворешни врски уреди