Кнежевскиот грб на Неговата Светлост Кнезот Алберт II е неговиот властодржен грб како владетел на Монако.

Грб на Монако
Подробно
Штитвретенест (лозанж) сребрени и црвени
ДржачиДвајца калуѓери
Мотолатински: Deo Juvante
ОрдениРед на Свети Карл

Особености уреди

Внатрешен дел уреди

Средиштето на штитот се блазонира (т.е. со технички хералдички опис) како: „вретенест (лозанж) сребрени и црвени“.

Надворешен дел уреди

Калуѓерите кои играат улога на штитодржачи во грбот алудираат на освојвуањето на Монако во 1297 г., кога Франсоа Грималди влегол во градот со војници преоблечени како калуѓери, со мечеви скриени под мантиите.

Околувратникот кој го окружува штитот го претставува Редот на Свети Карл.

Мото уреди

На грбот стои мотото на семејството Грималди, кое на латински гласи: Deo Juvante „Со Божја помош“.

Наводи уреди

  • Velde, François. „Monaco“. Heraldica. Посетено на 25 март 2005.

Поврзано уреди