Грбот на Вануату е официјалниот грб на оваа океанска држава. Грбот потекнува од 1980 година.

Грб на Вануату
Подробно
Усвоен1980
МотоLong God yumi stanap

Опис уреди

Централен елемент на грбот е меланезиски војник кој во десната рака држи долго копје, во левата рака држи цикасов лист, на главата има жолта капа, а облечено има црвена наметка. Позади војникот има вкрстени цикасови листови, позади листовите има вулкан, а позади вулканот има заб од свиња. Под сето ова се наоѓа златна лента на која е испишано националното мото на бислама Long God yumi stanap или на македонски „Со Бог сме“. Цикасовите листови се симбол на мир, свињата е симбол на просперитет и богатство, а мотото е од првиот премиер на Вануату.[1]

Наводи уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди