Гоце Сандев Илиевски ( 1923 во Тетово1944 во Прилеп) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Гоце Илиевски
Роден 1923 година
Тетово
Починал 1944 година
Прилеп
убиен од бугарските фашисти

Животопис уреди

Роден е во сиромашно семејство. Тој изучил занает и работел како столар. Во 1939 година се доселил да живее во Скопје.

Со организирана дејност бил опфатен од Партијата и се вклучил во активна борба против окупаторот. Извршувал разни задачи. Кон крајот на 1943 година заминал со партизаните во Западна Македонија. Учествувал во многубројни борби против бугарскиот и германскиот фашистички окупатор, како и против домашните предавници. Учествувал и во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Загинал кон крајот на 1944 година, во првите борбени линии при ослободувањето на Прилеп.

Наводи уреди

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 68. На |first= му недостасува |last= (help)