Гортинија или Гординија — град во Античка Македонија, сместен на десниот брег во долниот тек на Аксиј (Вардар), во областа Амфакситида. Неговото постоење се датира од 5 в. пр.н.е., па сè до Римското Царство. Се спомнува кај Тукидид како еден од градовите во Македонија што ги освојува одрискиот владетел Ситалк во 429 година пр.н.е[1].

Наоѓалиштето Вардарски Рид кај Гевгелија, во чија близина се смета дека бил градот Гортинија.

Николас Хамонд смета дека градот бил кај Бојмица, денес во Егејска Македонија. М. Б. Хаѕопулос вели дека се наоѓал близу Вардарски Рид кај Гевгелија.

Наводи уреди

  1. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957