Гораст Цветковски

македонски глумец и водител

Гораст Цветковски (Скопје, 26 мај 1982) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и водител.

Гораст Цветковски
Роден 26 мај 1982(1982-05-26)(41 г.)
Скопје
Националност Македонец
Занимање глумец

Животопис уреди

Гораст Цветковски е роден во Скопје на 26 мај 1982 година. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин во 2005 година. Од 2010 година е вработен во Македонски народен театар - Скопје[1].

Награди уреди

  • Награда АМФИ за глумец со најмногу одиграни претстави на матичната сцена во 2010 година;
  • Награда за најпопуларен глумец за 2011 година на Златна Буба мара на популарноста.
  • Наградата за епизодна улога „Димче Трајковски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогата на Рамбо во претставата „Ничија земја“ во 2018 година.

Филмографија уреди

Година Филм Улога
2004 Како убив светец ТВ-филм Таксист 2
2005 Обични луѓе ТВ-серија
2006 Пусто турско ТВ-филм Комита 1
2006 Караула ТВ-филм Војни полицаец
2009 Бунило ТВ-филм Вратарот
2010-2011 Од денес за утре ТВ-серија Келавец
2011 Ова не е Американски филм ТВ-филм Специјална сила
2012 Трето полувреме ТВ-филм Скептиќ
2012 Скопје ремикс ТВ-филм
2013 Во отсуство ТВ-филм Давид
2014 До Балчак ТВ-филм Кавал
2014 Аудиција ТВ-филм Јури
2014 Ул. Шекспир 9/1 ТВ-филм Главниот стопанственик
2014 Враќање ТВ-филм Војдан
2014 Кум ТВ-серија Снајперист
2015 Збор ТВ-филм Мишел
2015 Медена Ноќ ТВ-филм Косев
2016 Дете ТВ-филм Бојан
2018 Еј ТВ-филм
2018 Копање ТВ-филм Гораст
2019-2022 Дајте музика ТВ-серија Таткото на Боно
2020 ТМ ТВ-филм Ацко
2022 Тале и Корона ТВ-филм Татко
2023 Домаќинство за почетници ТВ-филм Алек

Наводи уреди

  1. „Гораст Цветковски“. Архивирано од изворникот на 2019-12-23.

Надворешни врски уреди