Горазд Охридски (IX век) ― ученик на Свети Кирил и Методиј. Еден од Светите Седмочисленици.[1][2][3]

Горазд
Горазд - фреска од Сливничкиот манастир во Преспанско.
Роден(а) 9 век,
Слава 09 Август
Седмочисленици, 7 учители кои на Словените ја донеле глаголицата и кирилицата. Од лево: Св Наум, Св Климент, Св Сава, Св Методиј, Св Ангелариј, Св Кирил и Св Горазд. Фреската е дел од нартексот во манастирот Св. Наум, Македонија. 1806 година.

Се смета дека бил Моравец кој одлично го знаел словенскиот и латинскиот јазик. За неговата висока наобразба и способност, сведочат „Панонските легенди“. Припаѓа на групата на таканаречени Седмочисленици, во којашто покрај солунските браќа влегуваат и светите Климент, Наум, Горазд, Ангелариј и Сава.[4] Пред да почине Методиј го определил Горазд за свој наследник. Неговата дејност по пргоноството од Моравија не е доволно позната.[2]

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 380. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. 2,0 2,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 132–133. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 74. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 27. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)