„Глуви команди“ — поетска збирка на македонскиот поет Славко Јаневски, објавена во 1966 година од издавачката куќа „Мисла“ како петта книга во библиотеката „Билјана“. Книгата има 59 страници, не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN. Таа била испечатена во печатницатаКиро Димитровски-Дандаро“ во Битола, во специјален тираж од 8 800 примероци.[1]

Содржина уреди

Збирката содржи вкупно 30 песни:[2] „За татковината и пролетта“, „Голаб на барикада“, „Цветови“, „Песна на војникот два метра в земја“, „Тажачка на планината по последниот рис“, „Караорманци“, „Тифусари“, „Пролетниот коњик“, „Мртва чета“, „Сон на студена плоча“, „Свадба“, „Смеата на осамениот разбојник“, „Тишина“, „Љубомора“, „Зашто сè тече“, „Визија“, „Пауница“, „Акорд“, „Цигански предзори“, „Бродолом“, „Без дно“, „Циркус“, „Ехо на разбојничката“, „Сината птица“, „Танчарка на дланка“, „Зелена ноќ во април“, „Балада за долгите уши“, „Улица без излез“, „Никодим“ и „Глуви команди“.

Збирката претставува избор од поетското творештво на Јаневски во текот на 16 години. Повеќето песни се земени од „Леб и камен“ (1957); песните „Цветови“ и „Голаб на барикада“ се земени од збирката „Песни“ (1950); песната „Свадба“ е земена од книгата „Лирика“ (1951); песните „За татковината и пролетта“, „Никодим“ и „Глуви команди“ се земени од книгата „Евангелие по Итар Пејо“ (1966); а „Ехо на разбојничката“ и „Цигански предзори“ од збирката „Повоени македонски поети“ на Димитар Митрев.[3]

Наводи уреди

  1. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 59.
  2. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966.
  3. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 55.