Географија на Турција

Турција е трансконтинентална азиско-европска држава. Азискиот дел на Турција со површина од 755,688 км2 (околу 97%) е одделена од европска турција со протоците Босфор, Дарданели и Мраморно Море. Европскиот дел на Турција е околу 23,764 (или 3 %) од вкупната површина на Турција и ја зафаќа територијата на Тракија. Територијата на Турција во должина е долга околу 1.600 километри а широка 800 километри. Во светски рамки, Турција е 37 земја според територија. На север, Турција излегува на Црно Море, на запад ислегува на Егејско Море и Мраморно Море а додека на југ излегува на Средоземно Море. На исток се граничи со Грузија, Ерменија и Иран. Европскиот дел на Турција излегува на три мориња: североисток на Црно Море, исток на Мраморно Море и југ на Егејско Море. На север се граничи со Бугарија а на запад со Грција. Цела Турција е планинска земја со поголем број на езера и со континентална и средоземна клима. Најголеми реки се Тигар и Еуфрат а додека најголемо езеро е Ван Езеро. Највисок врв во Турција е Арарат со 5.165 метри.

Географски координати : 39°00′N 35°00′E / 39.000° СГШ; 35.000° ИГД / 39.000; 35.000