Географија на Таџикистан

Матична статија: Таџикистан.

Таџикистан — најмала земја во Средна Азија. На запад се граничи со Узбекистан, на север со Узбекистан и Киргизија, на исток со Кина и на југ со Авганистан. Зафаќа површина од 142,600 km2 (55,100 ми) и има 5.995.469 жители.

Карта на Таџикистан

По релјефните одлики Таџикистан спаѓа во високопланинските земји. Двата главни опсези, планините Памир и Алтај, доведуваат до многу потоци и реки што се хранат со ледници, кои се користеле за наводнување на земјоделските површини уште од античко време. Другиот голем планински венец на Средна Азија, Тјан Шан, го зафаќа северниот дел на Таџикистан. Планински терен ги раздвојуваат двата центри на население во Таџикистан, кои се наоѓаат во низините во јужниот (по долината на реката Панџ) и северниот (Ферганската Долина) дел на земјата.[1]

Географска положба, граници, големина уреди

Таџикистан е држава која се наоѓа во Средна или уште се нарекува Средна Азија. На север граничи со Киргизија (должина на границата 630 км), на исток – со Кина (519 км), на југ – со Авганистан (1356 км) и на запад и северозапад – со Узбекистан (910 км). Вкупнат должина на границите (само копнени) изнесува 3651 км. Преовладувачкиот дел од нејзините граници на север, исток и запад поминува по сртовите на највисоките гребени и само на северозапад и делумно на запад – во нивните подножја и подножните рамнини (Хисарска Долина, периферијата на Ферганската Долина). На југ границата со Авганистан, со мал исклучок на исток е првенствено речна (по реките Панџ и Памир. Должината од запад кон исток е 730 км, додека ширината во правец север-југ од 100 до 500 км. Во овие граници зафаќа површина од 142,600 km2 (55,100 ми).[2]

Крајни точки:

Релјеф уреди

По релјефните одлики Таџикистан спаѓа во високопланинските земји. Преку 90% од неговата територија лежи на висина над 1.000 м. Во средниот дел на земјата се протега планината Алтај (5.880 м). Источниот дел на земјата го зазема пространиот масив на Памир. Во пограничниот дел кон Киргизија се наоѓаат високите планински врвови: Врв на Комунизмот и Лениновиот врв, коишто сега, веќе имаат други имиња. Низински предели има малку. На крајниот север на Таџикистан му припаѓа дел од Ферганската долина. Втората битна низина лежи во југозападниот дел на Таџикистан, во долината на реката Панџ.

Клима уреди

Најголемиот дел на Таџикистан има сува континентална клима. Основната климатска одлика е висинската зоналност на температурата и врнежите. Заради постојано мешање на ладните и топли воздушни маси температурните варирања се големи. Така на пример, во градот Коџент (порано Лењинкан) во Ферганската долина, јануарските температури варираат меѓу -18 °C и -13 °C, а јулските меѓу 12 °C и 38 °C. Годишното количество на врнежи изнесува 420 мм.

Растителноста е оскудна, како и во другите земји на Средна Азија. Во низинските предели доминираат степите. Високопланинските области претставуваат камени пустини. Нешто погуста растителност се јавува во речните долини. Шуми има многу малку (само 2% од целата територија).

Хидрографија уреди

Во високите планини на Таџикистан извираат реките Аму Дарја, Сир Дарја и Зерафшан. Голем број реки течат од Алтај и Памир кон југ (реките Вахш, Панџ, Кафирниган, Гунт итн.) и се влеваат во Аму Дарја. Хидроенергетскиот потенцијал на овие реки е огромен. На Сир Дарја е подигната Кајракумската хидроцентрала и големото акумулационо езеро. На реката Вахш изградена е огромна хидроцентрала, таканаречена Нуркеска, најголема во овој дел на Азија.

Во Таџикистан има доста планински езера, од кои најголемо е Каракулското Езеро во источниот дел на земјата. Во високите планини на Вахш и Сир Дарја изградени се големи иригациони системи и се наводнуваат огромни површини. Вкупната должина на овие канали изнесува 45.000 км.

Реки уреди

Езера уреди

Околу 2% од површината на државата покриваат езерата:[3]

Наводи уреди

  1. „Geography“. Library of Congress Country Studies. Посетено на 31 July 2015.   Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од „Студии за државите на Конгресната библиотека.
  2. {{{2}}} «Большая Советская Энциклопедия» – Таджикская ССР, т. 25, стр. 169 – 172
  3. The World Factbook,Economy of Tajikistan Архивирано на 12 јуни 2007 г.   Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од портали или документи од Светската книга на факти.

Надворешни врски уреди