Гедиминас Орелик (литв: Гедеминас Ореликас; Шјауљај, 14 мај 1990) е литвански кошаркар, крило на Рејер Венеција.

Гедиминас Орелик
Позицијакрило
Висина2,00 м
Тежина105 кг
ЛигаСерија А
КлубРејер Венеција Рејер Венеција
Број12
Роден14 мај 1990(1990-05-14)(33 г.)
Шјауљај, Литванија
НационалностЛитванија Литванија
Драфт2012 / Не драфтуван
Проф. кариера2006–
Клубови
2006–2010Шјауљај Шјауљај
2008–2009Мереста Пакруојис Мереста Пакруојис
2010–2012Рудупис Пренај Рудупис Пренај
2012-2013Пренај Пренај
2013-2016Лиетувос ритас Лиетувос ритас
2016-2017Банвит Банвит
2017-Рејер Венеција Рејер Венеција
Репрезентација
Инфо од: 11.10.2017.

Животопис уреди

Орелик има белоруско и полско потекло.[1]

Кариера уреди

Во младите категории играл за Шјауљај, а во текот на сезоната 2006-2007 ги забележил првите минути со првиот тим на клубот. Потоа бил позајмен на тогашниот литвански второлигаш Мереста Пакруојис во сезоната 2008-2009. Сезоната 2009-2010 ја започнал во својот матичен клуб Шјауљају, но веќе во февруари 2010 се преселил во Пренај. Со оваа екипа го освоил Купот на Литванија во 2013 година, и исто така бил најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната 2012-2013 во Литванското првенство и во регионалната Балтичка лига. Во мај 2013 потпишал за Лиетувос ритас и во дресот на овој клуб ги поминал следните три сезони. Во сезоната 2016-2017 за првпат ја напуштил својата родна Литванија и се преселил во турскиот Банвит, со кој го освоил Купот на Турција. Тој исто така играл со клубот во финалето на првото издание на ФИБА Лигата на шампионите, во кое уфрлил 13 бода но неговиот Банвит бил поразен со 59-63 од Иберостар Тенерифе.

Во јули 2017 потпишал едногодишен договор со екипата на Рејер Венеција.[2] Во второто коло од Италијанската Серија А, Орелик го постигнал победничкиот кош за Рејер во успехот со 79-78 над Тренто на 14 секунди до крајот; Тој исто така бил најефикасен играч на натпреварот со 24 бода.

Успеси уреди

Клупски уреди

  Пренај уреди

  Лиетувос ритас уреди

  Банвит уреди

Поединечни уреди

Наводи уреди

  1. Mazalas, Šarūnas (3 December 2012). "Be kaklaraiščio". Orelikas: "Futbole ar gynėjas, ar puolėjas – visur būčiau kiauras". BasketNews.lt (литвански). Посетено на 24 September 2016.
  2. Umana Reyer Venezia, ufficiale l'ingaggio delì'ala lituana Gediminas Orelik Архивирано на 16 август 2017 г. legabasket.it

Надворешни врски уреди