Гдањски Залив (полски: Zatoka Gdańska; кашупски: Gduńskô Hôwinga; руски: Гданьская бухта) или Данцишки Залив (германски: Danziger Bucht) — залив во југоисточниот ден на Балтичко Море, наречен по граодт Гдањск во Поморското Војводство, северна Полска.

Карта на Гдањскиот Залив
Гдањски Зал. во рамките на Балтичко Море
Гдањски Зал.
Местоположба на Гдањскиот Залив во рамките на Балтичкото Море

Географија уреди

 
Плажа на Гдањскиот Залив

Западниот дел на Гдањскиот Залив се образува од плитките води на Пуцкиот Залив. Најјугоисточниот дел на оваа површина е Висланскиот Залив ограничен од Висланскиот Провлак и поврзан со отвореното море преку Балтијскиот Проток.

Заливот е обиколен со голем лак одбреговите на Гдањското Поморје (Источно Поморје или Источна Померанија) во Полска (’ртот Розовје, Хелски Провлак) и Калининградската Oбласт во Русија (Земландски Полуостров или Самбија). Напоредно на бреговите се протегаат два исклучително долги провлакаХелскиот и Висланскиот. Едниот го одделува Пуцкиот, а другиот, Висланскиот Залив.

Максималната длабочина на Гдањскиот Залив изнесува 118 м[1] и има соленост од 8 .[2].

Поважни пристанишни и крајбрежни градови се Гдањск, Гдиња, Пуцк, Сопот, Хел, Калининград, Приморск и Балтијск. Поважни реки што се влеваат во заливот се Висла и Преголја. Висла се влева преку три ракави — Лењивка, Шмјала Висла и Мартва Висла, како и посредно преку Висланскиот Залив со ракавите Ногат и Шкарпава.

Историја уреди

 
Воениот брод „Шлезвиг-Холштајн“ како ја бомбардира Гдиња во 1939 г.

Втора светска војна уреди

Бреговите на заливот биле бомбардирани од море во Битката во Гдањскиот Залив за време на Инвазијата на Полска во 1939 г.

Курсениеки уреди

Долж Курскиот Провлак денес живее речиси изумрениот балтички народ Курсениеки, наследници на старите Кури. Во минатото овој народ населувал многу пошироко подрачје — од Мемел (Клајпеда) до Данциг (Гдањск). Со време тие се претопиле со Германците, освен долж Курскиот Провлак, каде сè уште опостојуваат како посебен народ. Сè до завршетокот на Првата светска војна (независноста на Латвија) биле сметани за Латвијци поради јазичните сличности, како дел од пошироките побарувања на Курскиот Провлак, Мемел и други територии во Источна Прусија како латвиски краишта. Латвијците подоцна се откажале од ваквите тврдења.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Gdańska Zatoka – WIEM, darmowa encyklopedia“. Архивирано од изворникот на 2014-12-19. Посетено на 2015-02-12.
  2. „Гдањски Залив“Голема советска енциклопедија (руски)

Надворешни врски уреди

54°28′59″N 18°57′31″E / 54.48306° СГШ; 18.95861° ИГД / 54.48306; 18.95861