Гбаду - западноафриканска божица на судбината, ќерка на Маву.[1] Гбаду е сочувствителна божица која ги користи своите моќи за да го смирува хаосот кој владее на земјата. Како е божица на судбината е почитувана од народот Фон или Дахомеј од Бенин. Таа ги подучува луѓето на дивинација и претскажување.[1]

Гбаду
Божица на судбината во дахомејската митологија, „светата ќерка“ на божицата Маву
СимболПченка
РодителиМаву-Лиза
Браќа/сестриЛегба
ПодрачјеЗападна Африка
НародНародот Фон и Дахомеј од Бенин

Во дахомејската митологија, Маву е божица поврзана и со сонцето и со месечината. Таа е владетел на ноќта, на мајчинството и на светското знаење. Таа го носи ладниот ноќен воздух над врелите африкански неба. Според легендите, таа го создала целиот свет заедно со нејзиниот сопруг Лиза. Гбаду е нивната прва ќерка, онаа која помага да се одржи светот под контрола.[2]

Митот за Гбаду уреди

Гбаду има шеснаесет очи и живее на врвот на палма на небото, за да може да ги набљудува кралствата на земјата, морето и небото. Таа е секогаш на дрвото и никогаш не се симнува.[3] Во текот на ноќта, кога спие, сите нејзини очи се затвораат. Наутро, таа не може сама да ги отвори, па нејзиниот брат Легба треба да го стори тоа за неа. Кога Легба се качува на дрвото наутро, тој прашува кои очи сака да ѝ ги отвори тој ден. Гбаду нема гласно да одговори на неговите прашања, од страв дека другите ќе слушнат. Така, му става пченка на дланката за да му каже колку очи сака да бидат отворени. Откако ја завршил својата задача, Легба седнува заедно со неговата сестра и гледа што се случува во морето и на Земјата. Еден ден, Легба ѝ рекол на својата сестра дека има голема војна во сите три кралства. Ова било затоа што луѓето не го знаат јазикот на нивниот предок и постојано се расправаат. Затоа, Маву го испратила Легба на Земјата да ги научи луѓето да зборуваат на јазикот на боговите. Пред да замине, Маву на Гбаду ѝ ги дала клучевите за иднината. Легендата вели дека тоа е куќа со шеснаесет врати, секоја врата одговара на едно од нејзините божествени очи. Така, таа станала посредник меѓу луѓето и боговите, држејќи ги клучевите на нивната иднина. Кога луѓето сакаат да ја дознаат својата иднина, тие држат пченка во раката и принесуваа молитви за водство.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Auset, Brandi. The Goddess Guide : Exploring the Attributes and Correspondences of the Divine Feminine. ISBN 978-0-7387-1551-3. OCLC 1026930243.
  2. https://cryptidsguide.com/gbadu/[мртва врска]
  3. http://goddesses-and-gods.blogspot.com/2011/10/goddess-gbadu.html