Вуксан Ивановиќ ( 1920 во Црна Гора1941 во Водно, Скопје) — македонски партизан, учесник во НОВ од црногорско потекло.[1]

Животопис уреди

Основно образование завршил во родното место, а 1934 година се доселил во Скопје, каде завршил гимназија и студирал на Филозофскиот факултет. Уште како ученик во гимназијата бил вклучен во прогресивното младинско движење. Својата активност ја продолжил и во редовите на студентската младина, каде бил учесник во сите акции против ненародните режими. При окупирањето на Македонија, храбро загинал во еден вооружен судир против Германците во април 1941 година, на падините на Водно.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 65. На |first= му недостасува |last= (help)