Вреќа за спиење — заштитна вреќа во која лицето може да спие наместо во кревет. Нејзината основна цел е да обезбеди топлина и изолација, при што до одредена мерка штити од ветар, врнежи, и скрива од погледи. Основниот дел на вреќата за спиење главно е направен така што ги ублажува непријатните нерамнини на земјата, а уште подобри ублажување се добиваат со комбинирања со подлоги направени за таа цел.

Вреќа за спиење

Шаторот скоро од сите аспекти за удобност и заштита е подобар од вреќата за спиење, но е поголем и потежок, а со тоа погломазен за носење. Вреќата за спиење често се користи во комбинација со шаторот.

Вреќата за спиење ја користат планинарите, камперите, членови на експедиции, астронаути и други.

Види још уреди

Надворешни врски уреди