Врбово — село во Гребенско, Егејска Македонија, Република Грција. Во селото според пописот од 2011 година има 133 жители

Врбово
Ιτέα
Врбово is located in Грција
Врбово
Врбово
Местоположба во областа
Врбово во рамките на Гребен (општина)
Врбово
Местоположба на Врбово во Општина Гребен и областа Западна Македонија
Координати: 40°03′N 21°36′E / 40.050° СГШ; 21.600° ИГД / 40.050; 21.600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најг. вис.&10000000000000650000000650 м
Најм. вис.&10000000000000620000000620 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.133
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51 100
Повик. бр.+30 24620
Рег. таб.ΡΝ

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа 20 километри источно од градот Гребен и 5 км источно од реката Бистрица.

Историја уреди

Под владение на Османлиското Царство уреди

Кон крајот на ХІХ век Врбово е грчко христијанско село во нахијата Венци во Кожанската каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во текот на 1900 година во Врбово живее 131 Грк.[2] Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година во Βούρμποβο има 94 Грци христијани.[3] Според записите од Бугарската егзархија на Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врбово (Virbovo) има 150 Грци.[4]

Грчка окупација уреди

Во периодот на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки војски и по Втората балканска војна во 1913 година Врбово влегува во составот на Кралството Грција.

Во 1927 година името на селото е сменето во Итеја.

Стопанство уреди

Населението во селото се занимава со земјоделство и сточарство.

Демографија уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 189 208 284 227 240 189 242 133
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости уреди

Централната црква „Свети Илија“ е споменик на културата. Годишната селска слава се слави на Мала Богородица - 8 септември.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 281.
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 212-213.

Надворешни врски уреди