Вратните прешлени (латински: vertebrae cervicales) во човечкото тело се 7. Кај луѓето вратните прешлени се најмали и може лесно да се разликуваат од прешлените на торакалната површина или од прешлените околу слабинскиот регион.

Вратни прешлени
Позиција на вратните пршлени кај човек (црвен дел). Се состојат од 7 коски, од горе надолу C1, C2, C3, C4, C5, C6 и C7.
Вратен прешлен кај човек.
Податоци
Назнаки
ЛатинскиVertebrae cervicales
MeSHA02.835.232.834.151
TAA02.2.02.001
FMAFMA:72063

Делови уреди

  • Вратните прешлени се разликуваат од другите со својот бочен израсток кој поседува кружен отвор за вертебралната артерија.
  • прешленски тела кои се помали во споредба со другите;
  • прешленски отвор;
  • прешленски лак;

Посебни вратни прешлени се:

  • првиот вратен прешлен кој е наречен носач или (латински: atlas). Атласот нема тело, составен е од преден и заден лак меѓусебно споени со бочни маси.
  • вториот вратен прешлен наречен свртувач (латински: axis) поседува тело и на неговата горна страна се наоѓа заб (латински: dens) за зглобување со предниот лак од атласот.

Главни одлики уреди

  • Вратните прешлени се нумерирани C1, C2, C3, C4, C5, C6 и C7. Атласот (C1) се наоѓа најблиску до черепот, а додека пак останатите вратни прешлени (C2- C7) се оддалечуваат од черепот и влегуваат во состав на ’рбетот;
  • телата на првите четири прешлени се помали и пошироки;
  • предната и задната површина се рамни, предната површина е на пониско ниво од задната така што даваат изглед на прешлените како да се преклопуваат;
  • како што слегуваат надолу прешлените се насочуваат странично и наназад и се потесни;
  • прешленскиот отвор на подолните прешлени е поголем и дава триаглест изглед;
  • во горните шест пршлени има премин на ’рбетната артерија и вена, и симпатичните нерви;
  • главна одлика на прешленот C7 е постоењето на еден долг и истакнат шилчест израсток (латински: processus spinosus). Најчесто во пределот околу прешленот C7 може да се почувствува болка, вкочанетост, пецкање, и слабост во горните екстремитети.

Зглобови уреди

Првиот и вториот вратен прешлен се повразани со главата преку горен зглоб и долен зглоб на главата. Вториот вратен прешлен и тилната коска се поврзани со фиброзни врски. Горниот зглоб на главата (articulatio atlantooccipitalis) е парен зглоб меѓу горните зглобни површини од атласот и кондилите од тилната коска. Долниот зглоб на главата (articulatio atlantoaxialis) ги поврзува првиот и вториот вратен прешлен. Долните зглобни површини од атласот се зглобуваат со горните зглобни површини од вториот вратен прешлен во парен зглоб. Од друга страна забот на вториот вратен прешлен се зглобува со атласот со помош на средиштен зглоб.

 
Страничен изглед на типичен вратен прешлен

Движења уреди

Движењата на вратните прешлени одобруваат главата да се движи во вид на флексија, екстензија и ротација кои ја вршат врските помеѓу првиот и вториот вратен прешлен. Сепак, вратниот ’рбет е релативно неподвижен, и најчесто движењата што ги прави се флексија и екстензија на 'рбетниот столб.

Местоположба на прешлените уреди

Повреди уреди

Повреди на вратниот ’рбет се заеднички на ниво на вториот вратен пршлен, но може да настане и невролошка повреда, која може да предизвика смрт или длабока интелектуална попреченост, вклучувајќи парализа на рацете, нозете, и дијафрагмата, што доведува до респираторна инсуфициенција.

Галерија уреди

Надворешни врски уреди