Во Селото (Шлегово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Во Селото


Местоположба 42°04′00″N 22°09′42″E / 42.06667° СГШ; 22.16167° ИГД / 42.06667; 22.16167
Основни податоци
Место Шлегово
Општина Кратово
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Во Селотоархеолошко наоѓалиште во кратовското село Шлегово. Претставува населба од римското време. На северниот раб на селото, во нивата на еден жител биле откриени неколку капители, бази и колони, кои сопственикот на нивата ги однел дома и ги употребувал за изградба на сопствената куќа. Овде бил најден епиграфски споменик со грчки натпис од III век. По површината има фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија (PDF). II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 192. ISBN 9989649286.