Волута е спирален, завиен орнамент кој го карактеризира јонскиот стил, и го среќаваме на капителот на јонскиот столб. Подоцна е инкорпориран во капителите на Коринтскиот стил и Композитниот стил.[1] Волутата е мотиф кој поради својата универзалност се користи во различни домени на уметноста и низ сите наредни периоди. Овој антички елемент се презема и во ренесансната и барокна архитектура, а подоцна станува и главен дел од неокласицистичките и еклектичните стилови на 19-от век.

Примери на Јонски волути. Од Џулиен Давил ЛеРој, Les ruines plus beaux des monuments de la Grèce, Париз, 1758

Зборот потекнува од латинскиот voluta („извивка"). Се смета дека формата е инспирирана од природата - цветовите или лисјата на растенијата или кривината на роговите на овенот, а можеби има само геометриска позадина на развиена спирала. Елементот го анализира и објаснува Витрувие во неговото истражување на класичната архитектура, и создава метод на исцртување на неговата комплексна геометрија.

Класични стилови уреди

Јонски капител уреди

 
Јонски столб - Стоби, Македонија

Забележано е дека јонскиот капител со својот главен дел - волутите - има доста сличности со различни капители видени во архитектурата на Египет, Асирија, Хета и Кападокија.[2] Овие влијалнија се објаснуваат со местоположбата на Јонија на источниот брег на Мала Азија, и се одразуваат општо на духот на јонскиот стил. Тој наспроти дорскиот стил, се карктеристика со витки пропорции, независност на елементите и нежни украси во кои ја среќаваме кривата линија.

Композицијата се состои од две волути споени со фасција, кои постепено се завиткуваат кон центарот формирајќи го „окото“ на волутата. Оваа композиција се повторува и на задната страна на капителот, правејќи збир од четири волути кои се јавуваат на секој столб.

 
Композител капител

Коринтски и композитен капител уреди

Компзицијата на овој капител се состои од долниот дел кој е претстава на листови од растанието акантус, додека во средината се јавуваат стилизирани стебла кои се завиваат во волути. Овие волути се помали од тие на јонските капители и можат да бидат четири или повеќе.

Римската архитекута е под значителни влијанија на примерите од Стара Грција, а со тоа и нивните архитектонски стилови. Тие ги прилагодуваат елементите на нивниот вкус, менувајќи ја пропорцијата и обработката на декорациите. Повторувајќи го спојот на волути и листови од акантус, Римјаните го создаваат композитниот стил кој се одликува со поголема декорација и акцент на елементие од капителот. Волутите се повторно четири, но се поставени дијагонално и изобилуваат со гравури на флорални елементи.

Готска архитектура уреди

 
Флорални волути во готиката

Иако јонскиот стил се среќава во неколку примери на базилики од ранохристијанската архитектура, неговата употреба речиси изумира сè до средниот век, кога повторно се среќава во Готиката. Сега волутата се помалку наликува на нејзините порани прототипи и сè повеќе се сведува на спирални завивања во форма на листови.

Ренесанса и барок уреди

 
Фасада на црква Џезу, Рим

Со повторното навраќање на античките вредности во уметноста, пак се појавуваат волутите како основи декоративни елементи на ренесансните објекти. Освен што се користат за декорација на капители, еркери и мебел, се среќаваат како мотиф кој го ублажува правиот агол меѓу вертикалите и хоризонталните елементи. Најголема употреба имаат „S“ волутите кои го формираат преодот од главниот - повисок кораб, и страничните пониски, кој за првпат ги користи Џакомо дела Порта на фасадата на црквата Џезу во Рим. Исто се среќаваат и како декорација на потпорки како во примерот на црквата Санта Марија Дел Флоре. По овие примери волутите стануваат омилен елемент за барокните архитекти, кои целат кон доловување на чувство на динамичност и драматичност во нивните објекти.

Неокласицизам до денес уреди

Преку завиените форми на неокласицизмот, волутите продолжуваат низ архитектонските стилови до 19-от век. Тие денес ги среќаваме како декорација на фасадите на многу од монументалните објекти низ светот.

Останати примени на волутите уреди

Паралелно на нивната употреба како архитектонски елементи, волутите редевно се застапени како дел од ентериерите низ историјата. Се среќаваат како орнаменти на скалишните краци, на огради, мебел, како и ѕидни и плафонски штуко декорации.

Исто така универзалниот мотиф на волутата се појавува и во склуптурата и сликарството низ различни историски периоди. Често се среќава и во занаетчиството како декорација на секојдневни предмети, посебно во периодот на движењето на уметноста и занаетите (Arts and Crafts Movement).

Наводи уреди

  1. "Volute". A Dictionary of Architecture and Landscape Architecture. James Stevens Curl. Oxford University Press 2006
  2. "Volute". Архитектура Старог Века. Богдан Н. Несторовић. Универзитет у Београду, Научна книга, Београд 1974