Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“

манастир во Македонија

Манастир „Успение на Пресвета Богородица“манастир во југоисточниот дел на Македонија, на падините на планината Смрдеш, во близина на селото Воиславци.

Воиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“
Новата манастирска црква
Информации
Целосно имеВоиславски манастир „Успение на Пресвета Богородица“
Други имињаМанастир „Успение на Пресвета Богородица“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наУспение на Пресвета Богородица
ЕпархијаБрегалничка
ЦрквиЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара)
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (нова)
Личности
Место
Местово близина на Воиславци, Општина Радовиш Македонија Македонија
Координати41°35′10.2″N 22°27′10.3″E / 41.586167° СГШ; 22.452861° ИГД / 41.586167; 22.452861
Видливи остатоцидве цркви, конак, трпезарии, споменик, помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Ораовичко-воиславска парохија)

Историја уреди

Од споменикот во дворот на манастирот се забележува дека во 1928 година биле откриени остатоци од стара црква. Денешниот манастир бил основан со изградбата на манастирската црква којашто започнала во 1968 година, а била осветена во 1980 година.[1]

Градби уреди

Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак, трпезарии, споменик и помошни објекти.

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (стара) уреди

Градбата на црквата има мали димензии и е со правоаголна основа, а влезот се наоѓа на западната страна до којашто е доградена мала отворена припрата.

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ (нова) уреди

Градбата на црквата е со правоаголна основа, полукружна апсида на источната страна и отворена припрата доградена на западната страна.

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди