Воен музеј (Солун)

музеј во Солун

Воениот музеј (грчки: Πολεμικό Μουσείο Θεσσαλονίκης) — музеј кој се наоѓа во Солун, Грција.

Воен музеј
Поглед кон објектот.
Карта
Основан1902 (изградена)
2000 (музеј)
МестоСолун, Грција
Типмузеј
Мреж. местоwww.warmuseumthessaloniki.com

Историја уреди

Воениот музеј на Солун бил отворен во октомври 2000 година. Зградата во која се наоѓа музејот била изградена во периодот 1900-1902 година, по проект на архитектот Виталијано Позели.

Мисијата на музејот се состои во поддршка на активностите на Воениот музеј на Атина во Северна Грција и соодветно на настаните во северниот дел на земјата, со цел зачувување на историското и воено наследство на Грците во Северна Грција. Со своите постојани експозиции и различни изложби, музејот го нагласува постоењето на грчкиот народ во текот на целата историја, а во исто време придонесува за документирано обезбедување на историјата на Грција во војните.

Колекцијата вклучува фотографии, униформи на грчката армија, воздухопловните сили и ВМФ, макети на топови и бродови, уметнички дела, мапи, разгледници и слични експонати од армиите на другите балкански земји. Овие експонати ја опфаќаат Грчката револуција, Борбата за Македонија, Балканските војни, Првата светска војна, Грчко-турската војна, Грчко-италијанската војна, одбрана на линијата "Метаксас" во источна Македонија во 1941 година, Битка за Крит, окупацијата на Грција и грчкиот национален отпор, учеството на грчката армија во сојузничките операции во Северна Африка, Италија и Нормандија и ослободувањето на земјата од окупацијата. Покрај изложбените сали, воениот музеј располага со амфитеатар, повеќенаменска сала и богата библиотека од историски и воени публикации. Сите изданија на Министерството за одбрана, Секторот за воена историја и Воениот музеј се продаваат во книжарницата на музејот.

Под отворено небо, пред зградата на музејот, се наоѓаат експонати на оклопни возила и авиони.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди