Влахи

село во Пиринска Македонија

Влахи — село во Општина Кресна, во регионот Пиринска Македонија, денес во југозападниот дел на Бугарија.

Влахи
Влахи is located in Пиринска Македонија
Влахи
Влахи
Местоположба на Иваново во Пиринска Македонија
Координати: 41°44′0″N 23°13′0″E / 41.73333° СГШ; 23.21667° ИГД / 41.73333; 23.21667
ДржаваБугарија
ОбластБлагоевград
ОпштинаКресна
Надм. вис.&10000000000000771000000771 м
Население (2011)
 • Вкупно5
Часовен појасEET
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC)

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селото

Селото Влахи се наоѓа во југозападниот дел на Пирин Планина, оддалечен 9 километри од општинскиот центар Кресна и околу 160 километри од главниот град Софија.

Во минатото Влахи било составено од централен дел и маалата - Драколово, Полена, Југовци, В'чковци, Ѓурѓевица, Шемето, Дебел Д'б, Патриловци, Аркалејтовци, Манчовци, Куртовци, Куртишовци и Клетиште.[1]

Покрај селото тече Влахина Река, којашто претставува лева притока на реката Струма.

Историја уреди

Во Влахи се наоѓа најстарата црква во Кресненско, црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, изградена во 1757 година.[2]

Во XIX век Влахи е големо македонско село, дел од Мелничката каза на Серскиот санџак. Во 1844 година е изградена црквата „Свети Илија“.

За време на Македонското востание Влахи е прибежиште на востаниците. По востанието селото е опустошено и од 300 куќи преживуваат само 80 заедно со црквата и училиштето.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 1.850 жители, сите Македонци.[3][4][5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 2.240 година во Влахи имало 720 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[3][5][6]

Селото Влахи е родно место на македонскиот револуционер Јане Сандански. Во 1901 година Јане Сандански ја киднапирале протестантската мисионерка Елен Стоун и одреден период ја држел како заложник во селото.

Стопанство уреди

Демографија уреди

Влахи во минатото било голема населба и во 1934 година броело 1.642 житела, а денес е на пат целосно да се расели. Според пописот од 2011 година, во селото живееле само 5 жители, запишани како Бугари.[7]

На табелата е прикажан бројот на населението во Влахи за периодот 1934-2011:[7]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
жители 1.642 1.307 1.132 624 167 72 36 17 5

Општествени установи уреди

Администрација и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Сандански, Борис. Кратка енциклопедия Кресненски край, Сандански, 2003, стр. 90.
  2. Село Влахи – двама постоянни жители и две църкви. // Днес.бг, 23 март 2014 г. Посетен на 16 јули 2019 г.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 189. ISBN 954430424X.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.192-193.
  7. 7,0 7,1 „Справка за населението на с. Влахи, общ. Кресна, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2022-06-15. Посетено на 2018-02-04.