Владимир Цвијан (Белград, 24 ноември 1976 - Белград, 5 јануари 2018) — српски адвокат и политичар, член на Националното собрание на Република Србија од 2012 до 2013 година и член на претседателството на Српската прогресивна партија (СНС). Пред тоа, тој ја извршуваше функцијата правен советник и генерален секретар на претседателот на Република Србија, Борис Тадиќ.[1]

Цвијан во 2014

Исчезна од јавниот живот во 2014 година. Почина на 5 јануари 2018 година, откако се удави во реката Дунав во Белград под сомнителни околности. Неговата смрт беше скриена од јавноста три години, сè додека не беше откриена во март 2021. Сè уште не се познати причините зошто неговата смрт се криеше од јавноста толку долго.[2][3]

Наводи уреди

  1. „Vladimir Cvijan“. Istinomer (српски). Посетено на 2021-04-12.
  2. „Тужилаштво: Цвијан се утопио 2018. године“. Politika Online. Посетено на 2021-04-12.
  3. „Ko je skrivao smrt Vladimira Cvijana? - Društvo - Dnevni list Danas“. www.danas.rs (српски). Посетено на 2021-04-12.