Владимир Тодоровиќ

политичар

Владимир Тодоровиќ (роден на 7 јануари 1957 во Пирот), дипломиран градежен инженер, деловен човек, македонски јавен работник и добротвор од српско етничко потекло.[1]

Владимир Тодоровиќ
Градоначалник на Центар
На должноста
2009–2013
Претходник Виолета Аларова
Наследник Андреј Жерновски
Лични податоци
Роден(а) 7 јануари 1957
Пирот
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија градежен инженер
Вероисповед Православен

Животопис уреди

Владимир Тодоровиќ во Скопје го завршува основното образование; матурира во ГУЦ „Здравко Цветковски” (1976), а на Градежниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” дипломира во 1983 година. По дипломирањето, до 1990 година работи во Проектантското биро „Хидроелетропроект” во Скопје каде што се искажува како стручњак при проектирањето на значајните главни проекти: хидроцентралата Козјак, Бошков Мост, Луковополе и др.

Од 1990 година влегува во светот на бизнисот, втемелувајќи своја фирма која набргу станува една од најуспешните македонски компании со водечки синџир од 35 маркети низ цела Македонија и со речиси 1000 вработени, за што му е доделена престижната републичка Награда за општествено најодговорна компанија во државата.

Во 2009 година е избран за градоначалник на Општина Центар Скопје.

Владимир Тодоровиќ бил претседател на Трговската комора од 2005 до 2007 година, а сега е член на Управниот одбор на Сојузот на стопанските комори на Македонија. Член е на Ротари-клубот Скопје, чиј претседател бил во текот на 2005-2006 година. На свеченоста на одбележувањето на стогодишнината на Ротаријанството во светот, што се оджа во Чикаго, учествувал како единстевн претставник од Република Македонија. Голем придонес има дадено и на полето на развојот на спортот во Македонија, инвестирајќи во скопскиот ракометен клуб „Пролет”.

 
Споменикот на Мајка Тереза во Пула

На трагата на настојувањата што посилно да се истакне македонското културно-историско наследство, незаобиколен е и голем и ангажманот на Тодоровиќ во обмислувањето и реализацијата на новиот градски центар на Скопје и на неговото збогатување со комплексот монументални споменици посветени на македонските историски личности и појави.

Во општествените кругови и во пошироката јавност Владимир Тодоровиќ е познат и по своето човекољубие и по готовноста лично да им помага на оние на кои им е потребна помош. Во таа смисла, негов нескриен благороден пример е Мајка Тереза, чија претставителна бронзена скулптура, дело на академикот Томе Серафимовски, како личен подарок на Тодоровиќ на градот Пула, во 2010 година е поставена пред познатата пулска црква Госпа од Мора (Богородица Морска).[2]

За особени заслуги во афирмацијата и развивањето на јазикот на прифаќање на различности, разбирање и соживот меѓу народите, Македонскиот културен форум од Пула во 2011 година на Владимир Тодоровиќ му го додели меѓународното општетсвено признание „Повелба за соживот”.

Наводи уреди