Владимир Петров Мацанов - Мирче (партизански прекар Лефтер) ( 1920[1] во Скопје1944 во Велес) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Владимир Мацанов
Роден 1920 година
Скопје, Македонија
Починал 1944 година
Велес, Македонија
не сакајќи активирани нагазни мини

Животопис уреди

Произлегува од револуционерно семејство (види Константин Мацанов, Андреј Мацанов). По завршувањето на основното училиште, завршил седми клас гимназија, а потоа бил истеран од училиштето како скоевски активист и револуционер. Извесно време работел како фирмописец и молер. Во мартовските демонстрации 1941 година учествувал против предавничката влада на Цветковиќ - Мачек, како и против пактот со фашистичка Германија. По доаѓањето на бугарските фашистички окупатори, активно учествувал во илинденските демонстрации. Низ ваквата револуционерна борба, кон средината на октомври 1941 година се приклучил на Првиот скопски партизански одред. По растурањето на одредот заминал во Софија, каде бил откриен и затворен. Потоа бил префрлен во скопскиот затвор. Тука станал еден од најактивните политички затвореници. Нему му била доверена задачата да ја дели храната, т.е. станал комесар за исхрана.[2]

На организираниот пpoцec бил осуден на смрт со бесење. Бидејќи по секое сослушување затворениците биле одделувани за да не се договараат, бил иницијатор да се употреби Морзеовата азбука за договарање. Така, од една до друга ќелија се пренесувале важни соопштенија. По судењето, на 9 мај 1942 година, бил префрлен во ќелијата на смртта. Во неа со уште еден осуденик почнале да се занимаваат со сликање. Поради тоа биле наречени „художници". Ги цртал своите другари, а изработил и еден автопортрет. На 28 август 1944 година заедно со други затвореници, со помошта на партиската организација од Скопје и Третата македонска ударна бригада бил ослободен. Меѓутоа, неговата радост траела кратко. Загинал во несреќен случај заедно со уште 16 борци од Третата македонска ударна бригада пред нападот на Велес, од експлозија на мини, што биле случајно активирани, веројатно од неизгасена цигара.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „НАРОДНА ВОЛЈА“. www.narodnavolja.com.
  2. 2,0 2,1 2,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 89. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски уреди