Виџеј и јас (филм од 2013)

Виџеј и јас (англиски: Vijay and I) е американски филм од 2013 година, во режија на Сем Гарбарски. Главните улоги ги толкуваат: Мориц Блајбтрој, Патриша Аркет, Дени Пуди, Кетрин Мисал и Мајкл Империоли.

Содржина уреди

Стариот актер Вил (го игра Блајбтрој) случајно го прогласуваат за мртов по една сообраќајна несреќа. Тој одлучува да присуствува на својот погреб, облечен како Сик, претставувајќи се под името Виџеј Синг. Таму, неговата жена покажува интерес за него, не знаејќи го неговиот вистински идентитет. Тој се зближува со својата жена при што дознава непријатни вистини за себе, а се соочува и со еден посебен проблем.[1]

Наводи уреди

  1. „Виџеј и јас“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 25.